Груевски остана без пасош, експресно одлучи Апелација | Правдико

Правдико

   

Груевски остана без пасош, експресно одлучи Апелација

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Апелациониот суд одлучи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, да остане без пасош. Груевски нема да може да патува надвор од земјата. Со одлуката на Апелација се одбива барањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ кој преку адвокатите го бараше пасошот од судот бидејќи му требал за да патува надвор од земјата.

Вчера неговите адвокати како аргумент ја приложија поканата од унгарскиот премиер, Виктор Орбан. Oдлуката ја потврдила претседателката на судот, Љиљана Ивановска Шопова за ТВ24.

Груевски е првообвинет во случајот „Титаник“ за изборни нерегуларности заедно со неговите сопартијци и поранешни министри Миле Јанакиески и Гордана Јанкулосска. За пасошот на Сашо Мијалков сè уште нема закажано седница.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико