Груевски останува без пасош
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи по барање на обвинетиот Никола Груевски, поднесено преку неговите бранители, за укинување на мерките за претпазливост, на нејавна седница донесе решение со кое барањето се одбива како неосновано.
Мерката на претпазливост Привремено одземање на патната исправа за преминување на државната граница и забрана за издавање нова патна или друга исправа за преминување на државната граница и мерката Привремено одземање на дипломатска патна исправа – остануваат на сила.
Странките имаат право на жалба на ова решение во рок од 3 дена до Апелациониот суд – Скопје.
Извор: Макфакс