Груевски повеќе не може да се води како оправдано отсутен од Собранието, платата ќе му биде намалена | Правдико

Правдико

Виртуальное казино Vavada предлагает своим посетителям множество азартных игр, включая популярные слоты, рулетку и покер, а также другие развлечения. Главные достоинства Vavada - это простота использования интерфейса и обширный ассортимент игровых автоматов. Казино Vavada привлекает пользователей разнообразием бонусов и акций. Необходимо помнить о потенциальных рисках, связанных с азартными играми, и важно играть ответственно, устанавливая разумные лимиты на ставки.

   

Груевски повеќе не може да се води како оправдано отсутен од Собранието, платата ќе му биде намалена

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Отсуството на пратеникот Никола Груевски од собраниските седници повеќе нема да се води како оправдано, а платата ќе му се намалува 5 отсто во наредните месеци, ова е заклучокот од координацијата кај собранискиот спикер Талат Џафери.

Координаторите на пратеничките групи и потпретседателите на Собранието што учествуваа на средбата се договориле дека по изминувањето на шесте месеци неоправдано отсуство на Груевски, повторно ќе го стават на дневен ред одземањето на неговиот пратенички мандат, како што предвидува Уставот во членот 65.

За одземање на мандатот и по овој основ е потребно двотретинско мнозинство, кое минатата недела не успеаа да го обезбедат пратениците кога со 58 гласа „за“ и 29 „против“ не беше изгласано одземање на мандатот на Груевски.

Во меѓувреме Груевски ја напушти земјава и замина во Унгарија, каде што побара азил. Оваа информација тој најпрвин ја соопшти на „Фејсбук“, а подоцна ја потврди и МВР. По наредба на судот, полицијата распиша меѓународна потерница за Груевски.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико