Груевски: Против Талески се водат над 20 истраги
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Против екс градоначалникот на Битола, Владимир Талески од страна на СЈО и Основното јавно обвинителство во Битола во моментот се водат над 20 истраги, тврди претседателот на Советот на Битола, Валентин Груевски.
Според Груевски целокупната документација на општината Битола од мандатот на Талески се наоѓа во Обвинителството, каде инспекторите истата деноноќно ја чешлаат.
Инаку додека надлежните институции го испитуваат работењето на еск градоначалникот на Битола, Владимир Талески и неговиот тим, во Основниот суд Скопје, се води судскиот процес „Транспортер”, во кој покрај Талески и неговата десна рака Слободан Бончановски, обвинети се уште дваесетина директори на училишта и приватни автопревозни претпријатија за проневера на 360.000 евра.
М.М.
Извор: Нова Македонија