Груевски во помали износи пред три месеци почнал да ги празни сметките | Правдико

Правдико

Виртуальное казино Vavada предлагает своим посетителям множество азартных игр, включая популярные слоты, рулетку и покер, а также другие развлечения. Главные достоинства Vavada - это простота использования интерфейса и обширный ассортимент игровых автоматов. Казино Vavada привлекает пользователей разнообразием бонусов и акций. Необходимо помнить о потенциальных рисках, связанных с азартными играми, и важно играть ответственно, устанавливая разумные лимиты на ставки.

   

Груевски во помали износи пред три месеци почнал да ги празни сметките

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

„Макфакс“ од извори во Управата за финансиско разузнавање дознава дека Груевски почнал полека да ги празни сметките од пред три месеци во помали износи од пет банки, а не непосредно пред неговото бегство во Унгарија. Парите ги трошел за разни намени. „Нема нагло повлекување средства, тоа е правено полека и многу порано“, вели изворот за „Макфакс“.

Овие извори потврдуваат дека банките според законските прописи ја известиле Управата за финансиско разузнавање дека експремиерот Груевски постојано подига одредени парични износи за кои тие имале законска обврска да алармираат. За тоа, како што велат изворите, било известено и специјалното јавно обвинителство.

Според имотниот лист што го пријавил Груевски, тој не поседува недвижен имот на негово име, туку приближно 230 илјади евра и уметнички слики. Груевски пријавил дека поседува и 33 уметнички слики во вредност од приближно 11 илјади евра. Не пријавил заеми и кредити. Осудениот експремиер на функцијата претседател на владата стапил со имот од приближно 43 илјади евра.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико