Грујовски оздрави и се појави во судницата (ВИДЕО)
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Првообвинетиот во случајот на СЈО, „Тврдина 2“, Горан Грујовски денес се појави на обвинителна клупа во Кривичниот суд. Специјалното јавно обвинителство го товари за уништување на опремата за прислушување во УБК. Во судот дојдоа и обвинители од Специјално јавно обвинителство.
Претходното рочиште за случајот „Тврдина 2“ се одложи поради болест на првообвинетиот. „Макфакс“ ден по рочиштето објави фотографија на која се гледа Грујовски на засега непозната локација. Обвинителот од СЈО, Гаврил Бубевски во судицата кажа дека Грујовски се појавува на работа во УБК.
Извор: Макфакс