Група кипарски Грци поднесоа тужба против Турција пред Хаг
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Група кипарски Грци поднесоа тужба против турската Влада пред Меѓународниот кривичен суд во Хаг. Тие бараат отпочнување истрага за злосторствата на Турција на територијата на Кипар, делумно и поради континуираното населување на турски жители на окупираната територија, се наведува во соопштението.
Тужбата е поднесена од кипарскиот европратеник Костас Мавридис и асоцијацијата „Кипарци против турските воени злосторства“.
Извор: Радио слободна Европа