Група професорки бараат да одат во пензија на 67 години, половина година чекат одговор од Уставен суд
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Група професорки поднесоа преставка до Уставниот суд, за да им биде овозможено да одат во пензија на 67 години.
Со Законот за работни односи на мажите во Македонија им е овозможено доброволно да одат во пензија на 67 години, а на жените со 65 години.
Повеќе од половина година нивната преставка доставена до Уставниот суд не е ставена на дневен ред. Нивната преставка се преместува од седница на седница, иако е отворена постапката, велат извори за еМагазин, запознаени со постапката.
Денеска Уставниот суд повторно треба да ја разгледува нивната преставка и треба да одлучи дали ќе бидат ставени на дневен ред за следната среда.
Во меѓувреме тие веќе можат да заминат во пензија.
Во повеќето развиени земји нема ограничување за староста на професорите.
Извор: еМагазин