Гугл и Фејсбук заедно ќе се борат против дезинформациите | Правдико

Правдико

   

Гугл и Фејсбук заедно ќе се борат против дезинформациите

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Гугл и Фејсбук заеднички ќе се справуваат со лажните информации коишто се распространуваат преку социјалните мрежи, пишува порталот „Блумберг“.

15112016143126_web_google-facebook

Причина за тоа се се позачестените критики кон тие две компании, дека нудат основа за масовно ширење на дезинформациите. Како главен аргумент се посочува примерот со претседателските избори во САД, врз чиишто резултат, според многумина критичари, влијаеле социјалните мрежи.

Во што се состојат мерките? Aлфабет – компанија мајка на Гугл, вчера најави забрана за рекламирање на веб страниците кои служат за пропаганда и манипулации. Компанијата сепак нема да го преземе најригорозниот чекор – целосно прекратување и забрана на самите веб страници.

– Во иднина ќе ги ограничиме рекламите, коишто им ги предлагаме на страниците за кои сметаме дека пуштаат невистинити информации и нема јасен податок за тоа кој е нивни сопственик и автор – образложи Андреа Фавил, потпарол на Гугл.

Гугл и Фејсбук пак, од своја страна, велат дека ќе продолжат со сите расположливи средства да ги маргинализират несигурните страници.

Извор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико