Ѓукановиќ: Црна Гора е на добар пат да добие покана за членство во НАТО
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ вчера во Парламентот изјави дека земјата е на добар пат да ги исполни очекувањата на сојузниците околу условите за членство во НАТО, објави „Блиц.рс“
Тој рече дека неговата Влада до крајот на мандатот очекува да добие повик за влез на Црна Гора во Алијансата.
Ѓукановиќ нагласи дека последните анкети покажуваат раст на поддршката од граѓаните за влез во Алијансата, која изнесува околу 38 отсто, и изрази очекување дека наскоро ќе биде остварена и мнозинска поддршка, каква што постои во Парламентот.
Црногорскиот премиер најави можна посета на високи претставници на НАТО на Црна Гора.
Извор: Мета.мк