Ѓулен од САД го осуди налогот за негово апсење
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Турскиот свештеник Фетула Ѓулен, кој живее во САД, го осуди налогот за негово апсење што го издале турските власти, обвинувајќи го за организирање на обидот за пуч, пренесуваат британските медиуми.
„Документирано е дека турскиот судски систем не е независен, така што налогот за мое апсење е уште еден пример за тежнеењето на претседателот Ердоган кон авторитаризам и отстапување од демократијата“, соопшти Ѓулен, кој негира каква било вмешаност во минатомесечниот пропаднат пуч, наведуваат британските медиуми.
Портпаролот на Стејт департментот, Марк Тонер, истовремено, кажа дека САД ги разгледуваат новите документи што Турција им ги доставила со цел да го екстрадираат Ѓулен, наведуваат британските медиуми.
-Турските власти во неколку наврати ни доставија документи и токму сега ние ги разгледуваме, изјави портпаролот Тонер, додавајќи дека првата серија доставени документи не претставуваа формално барање за екстрадиција на Ѓулен.
Според него, потоа од Турција пристигнале уште документи, и во тек е процесот на нивно анализирање, при што се уште не е донесена конечна проценка.
Тонер додаде дека САД и понудиле помош на Турција во истрагата за пучот, но не кажа дали Анкара одговорила на понудата.
Извор: 24Вести