Хакери и брокери со измама до 100 милиони долари
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Меѓународна мрежа на хакери и брокери вчера била обвинета во Соединетите држави дека со упади во компјутерските системи на новинските агенции, специјализирани за деловни информации, заработила 100 милиони долари. Хакерите ги читале вестите пред нивното објавување и потоа тргувале со тие информации на Вол стрит.
Американските власти соопштија дека станува збор за најголема измама од таков вид за која е покренато обвинение, според бројот на учесниците, според количеството на хартиите од вредност со кои незаконски се тргувало и според остварената заработка. Кривични пријави се покренати против девет лица во Соединетите држави и во Украина.
Извор: Радио слободна Европа