Хаки Азири од мобилниот телефон на Фатиме Фетаи го препозна Љупчо Тодоровски Радникот | Правдико

Правдико

   

Хаки Азири од мобилниот телефон на Фатиме Фетаи го препозна Љупчо Тодоровски Радникот

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

На продолжението на денешното рочиште на кое судот го испитува обвинетиот Хаки Азири за предметот „Монструм“, обвинителката Фатиме Фетаи му посочи слика на нејзиниот мобилен телефон од Љупчо Тодоровски Радникот, поранешниот директор на БЈБ. Обвинетиот потврди дека тој е таа личност што му рекла дека сите судии и обвинители се нивни, па затоа мора да се придржува до напишаната изјава.

„Радникот беше тој со повисок полициски чин кај кого ме однесоа во зградата во МВР, откако претходно бев држан во Кочани. Тој ми рече дека мора да ја потпишам веќе подготвената изјава за убиството и пред судот да го кажам тоа што го пишува на листот“, рече Хаки Азири на денешното судење.

Азири тврди дека полицијата му ја подготвила изјавата, која тој ја даде за време на истрагата, односно кога посведочи за тоа како се случило петкратното убиство. Обвинетиот на прашање на Фетаи одговори дека тој комуницира со двајцата обвинети кои се во бегство во Косово, Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, на „Вибер“.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико