Хамонд: Македонија може да ги изгуби придобивките од асоцијацијата со ЕУ и НАТО
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Британскиот секретар за надворешна политика, Филип Хамонд денеска во Брисел соопшти дека постои поширока загриженост за ситуацијата во Македонија.
– За земја каква што е Македонија, чија траекторија се Европа и НАТО, има јасни стандарди кои очекуваме да ги разгледаме. Очекуваме во сите земји-апликанти да видиме постепено подобрување, рече Хамонд.
Британскиот министер рече дека меѓународната заедница треба да испрати јасна порака дека нема да го толерира назадувањето на земјата.
– Говорејќи отворено и искрено, во случајот со Македонија, изминативе девет месеци или повеќе, видовме дека нештата се движат наназад. Мораме да бидеме многу јасни и отворени со Македонците дека ако видиме оти работите назадуваат, нема да може да напредуваат во соработката со ЕУ и НАТО. Мора да го сменат негативниот тренд, во спротивно ќе ги изгубат сите бенефиции од асоцијацијата со Европската Унија и НАТО – рече Хамонд.
Извор: Мета