Хан бара истрага за прислушкувањето
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Еврокомесарот Јоханес Хан од Брисел прати оценка за разговорите во Македонија. Освен пораката за сериозна загриженост околу состојбата во земјата, тој повика темелна истрага за прислушкувањето на 20.000 граѓани.
„Во разговорите со претседателот Иванов, со премиерот Груевски, министерот Попоски и лидерот на СДСМ Заев еврокомесарот ја искажа сериозната загриженост на ЕУ околу актуелната политичка ситуација и ги повика политичките актери конструктивно да се вклучат во дијалог во парламентот и да се фокусираат на стратешките приоритети на земјата и на нејзините граѓани. Сите лидери мора да соработуваат со добра волја за да се надмине сегашниот ќор-сокак кој не е од корист за реформските напори на земјата.
Комесарот Хан повтори дека владеењето на правото, основните права и слободата на медиумите се во срцето на процесот на пристапување кон ЕУ и за нив не може да се преговара. Во однос на ова, тој, исто така, изрази длабока загриженост поради пријавениот надзор на илјадници граѓани и побара тоа да се испита темелно. Тој повика истрагата да се спроведе со целосно почитување на принципите за соодветен процес – непристрасност, презумпција на невиност, транспарентност, поделба на власта и независност на судството. Тој изрази целосна поддршка за слободата на медиумите да известуваат за прашањата од јавен интерес”, стои во соопштението на Хан, објавено по средбите. Тој исто така го спомна и прашањето за Пристапниот дијалог на високо ниво, без да избесе став околу неговото продолжување, како и комуникацијата меѓу нашата Влада и ЕК за обезбедување можна помош околу поплавите.
Извор: Утрински Весник