Хан и тројцата европратеници в понеделник на лидерската средба во Скопје | Правдико

Правдико

   

Хан и тројцата европратеници в понеделник на лидерската средба во Скопје

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Еврокомесарот за соседска политика и за предпристапни преговори, Јоханес Хан, заедно со тројката европратеници Иво Вајгл, Ричард Ховит и Едвард Кукан, ќе пристигнат в понеделник на разговорите во Скопје, за да го продолжат посредништвото меѓу политичките партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ за надминување на политичката ситуација во Република Македонија, пишува МИА.

11267706_10204393670978206_979988194_n

Хан доаѓа во Македонија по минатонеделните разговори во Стразбур меѓу премиерот Никола Груевски и лидерот на опозицискиот СДСМ, Зоран Заев.

Од кабинетот на комесарот Хан ја потврдиле информацијата дека тој планира наскоро да ја посети Македонија, но посочија дека утре ќе соопштат кога точно ќе пристигне во Скопје.

Сепак, според информациите од тројката европратеници, кои, исто така, посредуваат во преговорите власт-опозиција во Македонија, Хан би дошол веќе в понеделник, за кога во Клубот на пратениците е закажана новата рунда преговори меѓу Груевски и Заев, а на која присуствуваат и албанските политички лидери, Мендух Тачи и Али Ахмети.

Извор: Мета.мк

Партнери на Правдико