Хан: Ќе притиснам за итен напредок на политичкиот договор | Правдико

Правдико

   

Хан: Ќе притиснам за итен напредок на политичкиот договор

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан, денеска во Скопје ќе изврши притисок врз лидерите на политичките партии за да го спроведат Договорот од Пржино.

johanes-han-640x360-600x338

„На пат кон Скопје, ќе се сретнам со сите политички партии за да притиснам за итен напредок на политичкиот договор“, напиша Хан на својот твитер-профил. Ова е трета посета на еврокомесарот на Македонија во последните четири месеци.

Европската унија неколку пати апелираше до политичките партии да ги почитуваат утврдените роковите и законот за специјален обвинител, предвидени со Договорот од Пржино.

Политичките партии викендов постигнаа договор за изборниот законик, по двенеделно пробивање на рокот. Законот денеска би требало да се најде пред пратениците во Собранието.

Според Договорот од Пржино, до утре треба да се изберат нови министри и заменици-министри на преодната влада.

Извор: Мета.мк

Препорачуваме

Партнери на Правдико