Хан: Македонија доби препорака под услов да го спроведе Договорот од Пржино | Правдико

Правдико

   

Хан: Македонија доби препорака под услов да го спроведе Договорот од Пржино

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Македонија доби препорака за почеток на преговорите за влез во Европската унија, но со два услова. Прво, да се спроведе целосно Договорот од Пржино и, второ, да се спроведат неопходните реформи“, истакна на денешната презентација на извештајот за Македонија, еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан.

han1

– Во Македонија има добар законодавно-правен систем. Сепак, политичкиот систем е вмешан во корупција. Поради тоа се случи Договорот од Пржино за да се реши политичката криза. Содржината на прислушуваните материјали, кои излегоа во јавноста, покажуваат дека политичкиот систем е сериозно поткопан со корупција. Политичките лидери мора да бидат свесни што се приоритети во реформите. Потребно е да се доврши реформата на Охридскиот договор. Меѓуетничките односи остануваат кревки и Охридскиот договор мора да се анализира. Потребна е доверба за зајакнување на меѓунационалните односи. Комисијата ѝ дава препорака на Македонија, но условена со спроведување на Договорот од Пржино и со имплеменрирање на итните реформи. Ова прашање повторно ќе се отвори по изборите во април 2016 година – истакна Хан.

Извор: Мета

Препорачуваме

Партнери на Правдико