Хан: Нема време за губење | Правдико

Правдико

   

Хан: Нема време за губење

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Еврокомесарот Јоханес Хан, заедно со тројцата европратеници Иво Вајгл, Едуард Кукан и Кнут Флекенштајн ги започнаа разговорите со политичките лидери.

Хан преку објава на Твитер испрати порака од средбата со Билал Касами, од движењето БЕСА.

– Започнаа разговорите во Скопје, со Иво Вајгл, Едуард Кука и Кнуг Флекенштајн. Потребна е нова влада за итни реформи. Нема време за губење! – твитна Хан.

Тој со друга објава изјави дека патот кон ЕУ за Македонија е отворен, но дека часовникот отчукува.

– Патот кон ЕУ за Скопје е отворен по последното заседавање на Советот на ЕУ, но часовникот отчукува. Потребно е државништво наместо тактизирање. Економијата страда – напиша Хан.

По средбата со претседателот на БЕСА, Билал Касами следуваат одделни разговори и со лидерите на Алијансата на Албанците Зијадин Села, на ДУИ Али Ахмети, на СДСМ Зоран Заев и на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски. Претседателот Ѓорге Иванов, како што информираа од неговиот кабинет, нема да се сретне со Хан.

Еврокомесарот и тројката европратенции дојдоа во Скопје во уште еден обид за договор за излез од политичката криза во која земјата е подолг период.

Според најавите од ЕК во пресрет на посетата, се очекува Хан, Вајгл, Кукан и Флекенштајн , да ја повторат позиција на ЕУ за почитување на исходот од изборите и да се дозволи продолжување на демократските процеси со брзо формирање реформски ориентирана влада, која ќе продолжи со имплементација на договорот од Пржино.

Се очекува по денешните средби Хан да ја информира јаноста за разговоите со политичките лидери и за позицијата на ЕУ.

 

 

Извор: Нова Македонија

Партнери на Правдико