Хан: Предвремени избори до крајот на април наредната година
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, по повеќечасовната средба со лидерите на политичките партии во Македонија, рече дека е договорено предвремени избори да има во април наредната година, а дотогаш, во таканаречениот транзициски период, треба да се направи прочистување на избирачкиот список.
Хан се заблагодари на трпението и рече дека имале многу интересна и конструктивна средба.
– Како што гледате, опкружен сум со лидерите на политичките партии, имавме добра дискусија и добро е што и овојпат ги потврдивме заложбите за европската иднина на земјата. Важно е претходно да се решат внатрешните проблеми и да се постигне политички компромис и баланс и поради тоа имавме временски притисок. Се согласивме на транзиционен период, а до крајот на април идната година да се спроведат предвремени избори, но претходно важно е државата да се подготви за тоа. Да се направи прочистување на избирачкиот список и да се прифатат сите препораки на Европската унија. Деталите ќе се договорат на средба наредната недела во Брисел – рече Хан.
Лидерите на партиите не дадоа изјави по завршувањето на средбата. Рекоа дека одлучено е да остане само изјавата на Хан.
Извор: Мета.мк