Хан: Референдумот е избор помеѓу европска иднина и изолација | Правдико

Правдико

   

Хан: Референдумот е избор помеѓу европска иднина и изолација

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Еврокомесарот за добрососедска политика и проширување, Јоханес Хан, вели дека жали поради недостаток на национално единство во Македонија во врска со референдумот за договорот со Грција и ги повикува граѓаните да го искористат своето право со цел да ја обликуваат својата иднина и иднината на својата земја.

Според него, референдумот е можност за граѓаните да направат избор помеѓу европската иднина и изолација.

– Тоа е избор помеѓу европската иднина која ќе донесе конкретна корист за граѓаните како владеење на правото, зголемено привлекување на странски инвеститори, со самото тоа и подобри работни места, поголем животен стандард, и патот кој води во изолација, стагнација и пропуштање на единствените прилики за унапредување и напредок во клучни области – рече Хан.

Тој се надева дека граѓаните кои се уште не одлучиле како ќе гласаат, ќе се информираат за последиците од нивниот глас.

– Мислам дека граѓаните треба да бидат свесни дека со овој референдум им се нуди шанса да се слушнат нивните гласови и ставови и да гласаат за да ја обликуваат својата иднина и иднината на земјата. Правото на глас е важен демократски напредок кој треба да биде поддржан преку активно учество. За навистина да се искористи тоа право граѓаните треба внимателно да ги анализираат мотивите позади кампањите и последиците од глас „за“ или глас „против“ за да бидат способни да направат информирана одлука – вели еврокомесарот.

Извор:Meta.mk

Препорачуваме

Партнери на Правдико