Хан: Србија е близу до преговори со ЕУ | Правдико

Правдико

   

Хан: Србија е близу до преговори со ЕУ

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан денеска во Брисел оцени дека Србија во минатата година направила крупни чекори кон приближувањето кон Европската унија и оти е близу до отворањето на првите преговарачки поглавја.

10112015105102_27082015103227_han

– Верувам дека условите се исполнети за преговорите да започнат оваа година, изјави Хан, претставувајќи го извештајот за напредок на земјите кандидати и потенцијални кандидати пред Одборот за надворешнополитички работи на Европскиот парламент.

Тој оцени дека има напредок во подоборување на односите меѓу Белград и Приштина, а Србите во регионалната соработка се однесувале многу конструктивно.

Исто така Хан се осврна на фактот дека Србија во моментов спроведува амбициозните реформи и изрази очекување дека реформите во правосудството, борбата против организираниот криминал, како и економските реформи, ќе продолжат.

Извор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико