Хан: Условите за веродостојни парламентарни избори се целосни исполнети | Правдико

Правдико

   

Хан: Условите за веродостојни парламентарни избори се целосни исполнети

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Еврокомесарот за соседска политика и пристапи преговори Јоханес Хан во пресрет на посетата на Македонија и предвидените средби со политичките актери порача дека во моментот за земјата е најважно тоа што „условите за веродостојни избори се целосни исполнети“.

han

Главната цел на посетата на Хан ќе биде „да се направи преглед на политичките случувања и да се дискутира за патот напред, особено во однос на организирање на предвремените парламентарни избори во декември, како и спроведувањето на Итните реформски приоритети“, пренесува МИА.

„Договорот постигнат минатото лето од страна на сите главни политички партии и поставување на датумот на изборите за овој декември е добар чекор. Сепак, ова е само почеток. Важно е дека условите на веродостојни избори се целосно исполнети и дека граѓаните можат слободно да учествуваат на истите“, изјави Хан.

Хан во Македонија ќе се сретне со сите главни политички актери, вклучувајќи ја и специјалната обвинителка и претставници на граѓанското општество, а во разговорите тој ќе инсистира и на забрзана имплементација на Итните реформски приоритети во законот.

„Сето ова е клучно за земјата да направи одржлив напредок на својот пат кон Европската унија. А, исто така, со нетрпение очекуваме да слушнеме од специјалниот обвинител за тоа како нејзината работа напредува и за предизвиците со кои таа се соочува“, додава еврокомесарот.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико