Хан: Важно е сите да го следат Уставот
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Еврокомесарот Јоханес Хан во интервју за Канал 5 изјави дека важно е сите да го почитуваат Уставот. Во ЕУ има интерес, но и делумно нетрпение за ситуацијата тука. И затоа очекуваме итно формирање Влада порача еврокомесарот Хан.
„Разбирливо е дека различните делови на општеството имаат различни погледи, но она што го слушнав денес во сите мои разговори е дека сите се посветени и определени за Уставот, и неговото почитување. Мислам дека е важно сите да го следат Уставот и она што се смета, според мене е програмата на Владата, тоа е одлучувачко и за тоа политичките партии и нивните претставници ќе мора да преговараат. Важно е да се почитуваат различните етнички заедници во земјава, важно е да живеете заедно на мирен и плодотворен начин, и тоа значи дека мора да се почитувате меѓусебно“, вели Хан.
Извор: 24Вести