Правдико

   

Хаос во косовскиот парламент – солзавец на почетокот на седницата, зградата под опсада на полицијата (ВИДЕО)

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Седницата на косовскиот парламент е прекината денес набрзо штом започна, бидејќи опозицијата употреби солзавец.

4199b57e3c34c98f668fd601d5b0392c

Како што објави новинар од Танјуг, на седницата се обрати и претседателот на Самоопределување, Висар Имери, по што опозицијата активира солзавец. Новинската агенција Бета јавува дека беа фрлени два солзавци.

Опозициските партии пред почетокот на средбата најавија дека ќе се спречи работата на Собранието и денес, не исклучувајќи ја можноста дека ќе се активира и солзавец, што е токму она што се случи. Според една снимка која е поставена на YouTube, можете да видите дека пратениците од опозицијата се подготвени за тој момент, со оглед дека во моментот кога ќе се активира солзавец стави ставаат гас-маски.

Дури и пред почетокот на првата седница оваа година, пред Собранието на Косово се собраа приврзаниците на опозицијата, поради што пред зградата на парламентот е распореден кордон на специјалните сили на косовската полиција.

Партнери на Правдико