Харадинај бара Уставниот суд да му ја протолкува оставката
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Косовскиот премиер во оставка, Рамуш Харадинај, изјави дека денеска побарал од Уставниот суд толкување на неговата оставка, која ја поднесе на 19 јули, како и за идното функционирање на Владата до одржување на предвремените парламентарни избори.
Тој на својот Фејсбук профил напиша дека целта на неговото барање до Судот е да добие објаснување за правната ситуација, создадена во нови околности. Харадинај смета дека тоа е негова одговорност, со цел до следните избори Владата да функционира согласно уставната и правната рамка.
Извор: Радио Слободна Европа