Харадинај: Нема укинување на специјалниот суд | Правдико

Правдико

   

Харадинај: Нема укинување на специјалниот суд

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај ја отфрли можноста да се укине специјалниот суд на Косово.

Харадинај во интервју за ,,Дојче веле“ изјави дека специјалниот суд постои и тој е основан со одлука на парламентот на Косово, а беа изгласани и промените во Уставот. Според Харадинај, пратениците имаат идеи за измени на процедурите и не се работи за запирање на работата на специјалниот суд.

„Пратениците сакаат да доставаат амандмани што се однесуваат на процедурата утврдена со законот“, истакна Харадинај и додаде дека барањето на 43 пратеници не се однесува на укинување на судот, кој веќе постои.

Во врска со неговата евентуална одговорност пред специјалниот суд, Харадинај нагласува дека тој не се плаши од овој суд и покрај тоа што кај многумина постои вознемиреност. К.М.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико