Харадинај останува во Франција?! | Правдико

Правдико

Виртуальное казино Vavada предлагает своим посетителям множество азартных игр, включая популярные слоты, рулетку и покер, а также другие развлечения. Главные достоинства Vavada - это простота использования интерфейса и обширный ассортимент игровых автоматов. Казино Vavada привлекает пользователей разнообразием бонусов и акций. Необходимо помнить о потенциальных рисках, связанных с азартными играми, и важно играть ответственно, устанавливая разумные лимиты на ставки.

   

Харадинај останува во Франција?!

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Поранешниот косовски премиер и лидер на Ослободителната војска на Косово (ОВК), Рамуш Харадинај, во четврток повторно ќе се соочи со судскиот совет на Апелацискиот совет во Колмар, по повод барањето на Србија за негова екстрадиција поради обвинувањата за воени злосторства над српското и другото неалбанско население.

Рочиштето е закажано за 14 часот, а судот овојпат ќе ги има сите потребни елементи за да донесе одлука. Но тоа не значи дека Харадинај веднаш ќе дознае каква судбина го чека, пишува белградски „Новости“.

Вообичаено е дека кај вакви важни предмети одлуката се остава на советот, што би можело да потрае и неколку недели, но теоретски не е исклучено и ставот на судот да биде соопштен веднаш.

Доколку одлуката се донесе преку советување, што е најверојатно, конечната одлука би можела да биде соопштена на ново рочиште, најрано во четврток на 20-ти април. Во Апелацискиот суд во Колмар во средата се добиени побараните документи од српските влада, така што во четврток ќе се води расправа помеѓу обвинителството и адвокатите на Харадинај, каде секој ќе ги изнесе своите завршни аргументи. Судот може да одлучи Харадинај евентуално да биде ослободен или пак да го испорача на властите во Белград, а потоа конечниот збор да го има француската влада.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико