Харадинај сослушан пред францускиот суд, се уште нема одлука за испорачување | Правдико

Правдико

   

Харадинај сослушан пред францускиот суд, се уште нема одлука за испорачување

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Поранешниот командант на ОВК и лидер на партија Алијансата за иднина на Косово, Рамуш Харадинај во средата бил сослушан пред францускиот суд, но одлуката за понатамошно постапување по неговиот случај се уште не е донесена, пренесуваат српските медиуми.

Харадинај бил сослушан во средата утрото, за помалку од половина час, а како што пренесува порталот Indeks, конечната одлука за тоа дали тој ќе биде ослобден или пак испорачан на Србија или Хаг ќе биде донесена следната недела.

Харадинај беше уапсен на 4-ти јануари на аеродромот во Басел по потерница од Интерпол на барање на Србија поради сомнежи дека во 1998-та и 1999-та година извршил воени злосторства на Србите во Косово.

Францускиот суд на 12-ти јануари го пушти поранешниот командант на ОВК на слобода да ја чека конечната одлука. На Харадинај за воените злосторства му се судеше и пред Хашкиот трибунал, кој во 2012-та година го ослободи по сите точки од обвиненијата. Наделжните српски органи, пак, тврдат дека имаат нови докази за неговата вмешаност во злосторства против човештвото, направени на 1998-та и 1999-та во Косово.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико