Харадинај: Водев одбранбена војна, Дачиќ и Вучиќ се вистинските злосторници
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Поранешниот командант на Ослободителната војска на Косово (ОВК), кого Србија го сомничи за воени злосторства на Косово, тврди дека е борец за слобода, а не воен злосторник, пишува весникот Косова сот.
Харадинај исто така возвратил дека српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ извршил воени злосторства на Косово, и ги сокрил доказите.
„Иако водев одбранбена војна и во согласност со меѓународните воени конвенции, одговорив пред меѓународниот суд на правдата и не се криев како стотина српски претставници, меѓу кои и Дачиќ, кој ги сокри доказите за злосторствата извршени на Косово“, навел Харадинај на социјалната мрежа Фејсбук.
Дачиќ, реагирајќи на неодманешната изјава на Харадинај декаа Приштина би требало да распише потерница за него, како и српскиот премиер Александар Вучиќ, рекол дека бесмислено да се коментираат изјавите на Харадинај, кој е осомничен за најтешките воени злосторства.
Српскиот министер додал дека Белград очекува Харадинај да биде испорачан на Србија по потерница на српските правосудни органи. Дачиќ исто така истакнал дека на Харадинај не му се суди како политичар, туку Србија го тужи поради тоа што извршил воени злосторства и убивал цивилно население.
„Можеби Харадинај ќе биде ослободен, но за нас ќе остане воен злосторник“, рекол Дачиќ. Харадинај неодамна исто така порача дека Приштина треба да му воведе реципрочни мерки на Белград кога се во прашање потерниците.
„Тие имаат потерница, па треба да имаме и ние. Вучиќ ги исполнува критериумите за по него да се издаде потерница, исто така и Дачиќ“, рекол Харадинај, кој на 4-ти јануари беше уапсен на границата помеѓу Швајцарија и Франција по потерница распишана од страна на Интерпол, по што Србија до Франција упати и барање за негово испорачување.
Една недела потоа Харадинај беше ослободен одлуката на барањето на Србија да ја чека на слобода, но му беше одземен пасошот, со забрана да ја напушта територијата на Франција. Истрагата против Харадинај во Србија е покрената во 2004-та година, а неодамна беше проширена и со нови обвинувања и докази кои беа проследени до судот во францускиот град Колмар.
Извор: Макфакс