Правдико

   

Хашим Тачи е обвинет за 98 убиства

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Поранешните офицери на ОВК Хашим Тачи, Кадри Весели, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи се обвинети пред судот во Хаг за најмалку 98 убиства. Тачи ќе се појави пред судиите во Хаг во понеделник, 9 ноември во 15 часот.

Тие се обвинети за злосторства извршени во 34 нелегални притвори на ОВК во Косово и Албанија над најмалку 407 приведени, од кои најмалку 98 биле убиени, од март 1998 година до септември 1999 година.

Обвинението ги товари Тачи и другите за политички и етнички прогон, затворање, незаконско апсење и притвор, други нехумани дела, суров третман, тортура и убиства.

Овие злосторства се квалификувани, во пет точки, како злосторства против човештвото и воени злосторства.

Во привремената влада на Косово, прогласена во март 1999 година, Тачи беше премиер, Весели беше министер за разузнавање, Селими беше министер за внатрешни работи, а Красниќи беше портпарол.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико