Хашим Тачи купува артилерија од Германија, со цел да ги запре белградските тенкови
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Косовскиот претседател Хашим Тачи има намера да купи оружје од Германија, а целта му е силна артилерија и современо пешадиско вооружување, коментираат српските медиуми.
„Хашим Тачи има намера да купи оружје од Германија, а косовските Албанци сакаат да имаат силна артилерија и современо пешадиско оружје“, пишува белградски Телеграф.
Вечерње новости ги дополнува информациите, тврдејќи дека „властите во Приштина со месеци преговараат со соодветните германски служби за достава на артилериски орудија и на противракетни системи”.
И, додека српските медиуми сметаат дека таквото однесување на Приштина е диктирано од стравот од Армијата на Србија, според аналитичари, Косово бара можност да ги запре тенковите кои владата во Белград може да ги испрати со цел да го заштити српското малцинство, кое живее во северно Косово.
За Вечерње новости српскиот професор за безбедност Радомир Милашиновиќ, вели дека не е исклучено „Косово да се потпира на некој таен договор со Западот, за кој ако во Белград има веродостојни информации тогаш е задолжително да се побара помош од ОН”.
Извор: Макфакс