Хашкиот суд ја повика Русија да не ја напушта оваа меѓународна институција. | Правдико

Правдико

   

Хашкиот суд ја повика Русија да не ја напушта оваа меѓународна институција.

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

icc-hag-696x447Русија се чини дека му зададе нов удар на Меѓународниот кривичен суд (ICC) во Хаг во средата кога најави дека има намера поради „неефикасност“ да го повлече својот потпис од Римскиот статут со кој се основа овој суд а 15-то собрание на судот започнува со повиците да не се напушта оваа меѓународна правосудна институција.

Неколку африкански земји претходно најавија дека ќе се повлечат од Меѓународниот кривичен суд (ICC), потсетува AFP.

Претседателот на собранието на државите потписнички на Римскиот статут, Сидики Каба, од холандски Хаг ѝ упати свечен повик на Русија да не заминува.

Гамбија во понеделникот официјално најави свое повлекување од Трибуналот, по Јужноафриканската Република и Бурунди претходно во октомври.

Во средата Москва донесе изразено симболична одлука за повлекување на својот потпис од 2000 година од Римскиот статут, кој инаку никогаш досега не го ратификуваше. Русија му забележува на ICC, суд пред кој ќе им се суди на обвинетите за воени злосторства и злосторства против човечноста, дека не бил вистински независен и што не бил на висина на очекувањата, а потрошил многу пари.

Само неколку часа по објавувањето од Москва, Каба предупреди на различните аршини, додека Русија пред Советот за безбедност на ОН блокира неколку обиди за изнесување на сириската проблематика во Трибуналот. Москва, со поддршка на Пекинг, ги сметаше овие резолуции за тенденциозни и насочени само против владата на сирискиот претседател Башар ал-Асад кој е нејзин традиционален сојузник во регионот.

„Втемелен во 2002 година, Судот минува низ тежок период, но верувам во моќта на конструктивниот дијалог во рамките на ова собрание“, констатираше Каба, кој е министер за правда на Сенегал.

На африканскиот континент Кенија, Намибија и Уганда би можело да го следат домино ефектот, додека Судан кон крајот на октомври им упати повик на сите африкански земја да го напуштат Меѓународниот кривичен суд.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико