Хашкиот трибунал денес ќе изрече пресуда за Радован Караџиќ | Правдико

Правдико

   

Хашкиот трибунал денес ќе изрече пресуда за Радован Караџиќ

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Radovan-Karadzic-sudnicaВрз основа на обвиненијата за воени злосторства и геноцид во Босна и Херцеговина од 1992 до 1995 година, Хашкиот трибунал денес ќе ја објави првостепената пресуда, за првиот претседател на Република Српска, Радован Караџиќ. За изрекувањето на пресудата ќе може да се следи и јавно преку српските телевизии.

Караџиќ после повеќегодишното бегство и криење под лажен идентитет, беше уапсен на 18-ти јули 2008 година, а една недела подоцна беше екстрадиран од Белград до Хашкиот трибунал.

Неговото судење започна официјално во октомври 2009 година и беше завршено во 2014 година. Во текот на судењето се бранеше сам – без адвокат, но со помош на стручен правен тим.

На денешната пресуда Караџиќ и Хашкото обвинителство ќе имаат право на жалба.

Во обвинението на Хашкиот трибунал, Караџиќ е обвинет за геноцид, соучество во геноцид, ликвидација, убиства, казна, депортација, нехумани дејства и други злосторства извршени врз муслимани, Хрвати и други цивили – несрпското население во Босна и Херцеговина за време на војната во поранешна југословенска република.

Препорачуваме

Партнери на Правдико