Хашкиот трибунал ги отвори вратите за стотици посетители
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Хашкиот трибунал беше домаќин на 700 гости во рамките на годишниот Меѓународен ден во организација на општината Хаг, настан кој му овозможува на јавноста да го посети Меѓународниот суд и другите меѓународни организации.
На отворањето на настанот, потпретседателот на Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија, судијата Кармел Агиус изјави дека во изминатите пет години, судот работеше со голем ентузијазам.
“Отворените денови на судот даваат можност да ја реафирмираме нашата соработка со градот Хаг, кој е нашиот великодушен домаќини во текот на изминатите дваесет години, и тоа е исто така можност да ја споделиме нашата работат со вас”, рече тој.
Меѓу најважните настани во текот на меѓународниот ден е објаснувањето на улогата на меѓународните судии во Хашкиот трибунал, кој го дадоја судиите Кристоф Флиг и Алфонс Ори, како и презентација за кривичното гонењето за кривичните дела за сексуално насилство пред трибуналот каде зборуваше Мишел Арви.
Во текот на денот, посетителите имаа можност да ја посетат судницата, во придружба на персоналот, да гледаат документарни филмови и да видат материјали од архивата на персоналот од трибунал . Исто така судот беше достапен да одговори на прашања од посетителите во врска со работата и достигнувањата на Меѓународниот суд, се вели во соопштението.