Правдико

   

ХЕЛП КУРС: „Заштита и безбедност на новинар(к)ите“

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Ве известуваме дека нов курс на тема Заштита и безбедност на новинар(к)ите како дел од ХЕЛП програмата на Советот на Европа (HELP – Human Rights Education for Legal Professionals) е сега достапен на ХЕЛП онлајн платформата.

Овој бесплатен ХЕЛП онлајн курс има за цел да им помогне на правните професионалци/ки, но и на новинар(к)ите и органите за спроведување на законите, како и на сите заинтересирани за темата, да препознаат и адресираат закани кон новинар(к)и и други медиумски чинители. Курсот е составен од 5 практични модули, и е со вкупно времетраење од приближно 10 часа.

Во моментов, курсот е достапен само на англиски јазик, а до крајот на 2020 година, курсот ќе биде достапен и на македонски.

Во продолжение се линковите до објавата на веб страната на Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје од каде што ќе може да пристапите и до линкот за самиот курс:

MK – https://www.coe.int/mk/web/skopje/-/new-help-course-on-protection-and-safety-of-journalists-publicly-available

ENG – https://www.coe.int/en/web/skopje/-/new-help-course-on-protection-and-safety-of-journalists-publicly-available

За повеќе информации следете ја и  FB страната на канцеларијата на Советот на Европа во Скопје: https://www.facebook.com/111552580343081/posts/182988023199536/

Партнери на Правдико