Правдико

   

Хелсиншки: Идентификувани кривични дела сторени за време на насилството во Собранието

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Непосредно по изборот на претседател на Собранието на РМ од страна на парламентарното мнозинство, на 27 април 2017 година, околу 19 часот, организаторите и учесниците во протестот „За заедничка Македонија“ насилно влегоа во собраниската зграда.

Видно од многубројните видео снимки, полициските службеници задолжени за чување на јавниот ред и мир и безбедноста на присутните во собраниските сали, дозволија непречен влез на протестантите. Влезот им беше дозволен и на лица кои беа маскирани со качулки и кои со себе носеа тврди и остри предмети наменети за загрозување на физичкиот интегритет на присутните во Собранието. Набрзо потоа повредени беа десетина пратеници (од кои најмалку еден со тешки повреди), новинари,над 70 граѓани и над 20 полициски службеници. Министерството за внатрешни работи во координација со Основното јавно обвинителство Скопје идентификуваше дваесетина сторители на кривични дела. Дел од нив беа приведени, а за дел беше определен притвор, куќен притвор и други мерки на претпазливост. Засега, идентификуваните сторители се осомничени дека сториле три вида на кривични дела – Учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие, Учество во толпа што ќе изврши кривично дело и Предизвикување општа опасност.

Овој посебен извештај се однесува на кривични дела идентификувани преку фотографии, аудио-видео материјали и сведоштва, како и на кривичните дела за кои постојат сомненија, но сè уште не е истражено дали биле сторени и од кого. Извештајот се осврнува на повредите на права и слободи гарантирани со Уставот и санкционирани со Кривичниот законик. Текстот е наменет за информирање на јавноста, но и како алатка која на правосудните органи може да им послужи при носењето на одлуки поврзани со квалификацијата на кривичните дела и индивидуализација на кривичната одговорност при изрекувањето на казни од страна на суд.

Извештајот содржи вкупно 28 кривични дела, од кои за 18 веќе постојат значителен број на докази и 10 кривични дела за кои постои сомнение дека се извршени. Можните сторители се поделени во четири групи: 1) организатори, 2) извршители, 3) полициски службеници и 4) нивни претпоставени). Кривичните дела произлегуваат од 8 поглавја од Кривичниот законик, а беа насочени против: 1) животот и телото, 2) слободите и правата на граѓаните, 3) имотот, 4) сигурноста, 5) државата, 6) службената должност, 7) правосудството и 8) јавниот ред. Улогата на правосудните органи е да утврдат дали и кои од посочените кривични дела се сторени или имало обид за нивно сторување и да не дозволат погрешна квалификација, колективизирање на одговорноста и паушално санкционирање.

Извештајот можете да го преземете на следниов линк 

Партнери на Правдико