Хелсиншки комитет: Осуда на насловна страна во издание на весникот „Слободен печат“ | Правдико

Правдико

   

Хелсиншки комитет: Осуда на насловна страна во издание на весникот „Слободен печат“

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Хелсиншкиот комитет за човекови права на РМ најостро ја осудува насловната страна на изданието од 14.03.2018 на дневниот весник „Слободен печат“, ставена во контекст на општествено – политичките случувања. Имено, објавувањето на фотографија на жена учесничка на протест пред Собранието на РМ со наслов „Вмровците ги покажаа забите“ претставува грубо вознемирување на личноста на жената на фотографијата со тенденциозно придавање на карактеристики како што се политичката припадност и социјален статус.

Ваквите сензационалистички наслови засновани врз предрасуди претставуваат повод за разгорување на навреди и говор на омраза во јавниот дискурс, опасност за која Хелсиншкиот комитет предупредува во континуитет.

Апелираме до уредништвото на весникот „Слободен печат“ да се извини и на јавноста и лично на жената која е злоупотребена и во иднина, особено во време на чувствителни политички случувања, да се воздржи од злоупотреба на ликот на недолжни граѓани кои го остваруваат своето право на протест.

Препорачуваме

Партнери на Правдико