Хелсиншки комитет: се уште има расизам и дискриминација кон Ромите | Правдико

Правдико

   

Хелсиншки комитет: се уште има расизам и дискриминација кон Ромите

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Расизмот и дискриминацијата сѐ уште се главен белег на односот кон Ромите во Македонија, велат од Хелсиншки комитет за човекови права по повод денешниот Светски ден на Ромите.

На овој ден, посочуваат оттаму, кога низ светот се одбележува ромската култура, продолжуваме со долгогодишната борба за подобар и подостоинствен живот на Ромите и потсетуваме на системската дискриминација со која тие секојдневно се соочуваат.

„Има случаи на расно профилирање, полициска бруталност и нееднаков однос кон припадниците на оваа заедница на многу нивоа во нашето општество, што се случуваа во изминатава кризна година. На почетокот на пандемијата, граѓанскиот сектор апелираше за воведување засилени превентивни мерки за заштита од Ковид-19 во населбите каде што живее ромско население, поради ранливата состојба во која многумина немаат пристап до чиста и питка вода и санитетски материјали, како клучни за заштита од коронавирусот. Имајќи предвид дека последиците од пандемијата особено можат да ја погодат ромската заедница, како на социјален, така и на економски план, неопходно е носење посебни мерки за помош и солидарност кои ќе ги адресираат специфичните околности во кои живеат Ромите“, се вели во соопштението на Хелсиншки комитет.

АИ: загриженост за неказнивоста, говорот на омраза и дискриминацијата во Македонија
Оттаму потенцираат дека пристапот до здравствена заштита и натаму останува проблематичен за Ромите, што беше дополнително изразено во услови на пандемија.

Покрај стравувањата поврзани со здравствената криза, вкоренетиот расизам кон Ромите се манифестираше во низа други инциденти, се наведува во соопштението на Хелсиншки комитет.

Партнери на Правдико