Хелсиншки комитет: Во затворот Куманово нема чиста вода за пиење | Правдико

Правдико

   

Хелсиншки комитет: Во затворот Куманово нема чиста вода за пиење

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Триста затвореници и притворени лица во затворот во кумановско Кжшање, немаат чиста вода за пиење и основни хигиенски услови, алармираат од Хелсиншкиот комитет за човекови права.

zatvor-kumanovo1-1728x800_c

Затворениците се пожалиле дека се случува и со денови воопшто да немаат вода, а онаа која се обезбедува преку цистерни, од соседното село, не е безбедна за пиење, што потврдиле и анализите на Институтот за јавно здравје.

Од Управата за извршување санкции демантираат дека водата која се користи во затворот не е безбедна. Уверуваат дека се исполнети сите стандарди, а изградена е и пречистителна станица во комплексот.

– Во затворот Куманово се обезбедени сите меѓународни стандарди за издржување на казната затвор, а установата се снабдува со безбедна санитарна вода за потребите на осудените лица, од бунар во непосредна близина. Од бунарот водата се доведува до резервоар во кој е вграден посебен систем за хемиско и бактериолошко пречистување.

Затворот во Куманово беше отворен пред само една година, а според најавите беше предвидено да има посебен систем за водоснабдување, затоплување, и сончеви колектори за загревање на санитарната вода во кујната и бањите. За изградбата на затворот беа издвоени околу 4 милиони евра.

Извор: 24Вести

Препорачуваме

Партнери на Правдико