Хелсиншки: Незаконски е реизбран претседателот на Советот на јавните обвинители | Правдико

Правдико

   

Хелсиншки: Незаконски е реизбран претседателот на Советот на јавните обвинители

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Претседателот на Советот на јавни обвинители на Република Македонија Петар Аневски е незаконски реизбран, велат од Хелсиншкиот комитет за човекови права.

23092016115337_web_petar_anevski

– Согласно член 8 став 3 од Законот за Советот на јавните обвинители („Службен весник на Република Македонија“ бр. 150/2007 и 100/2011), мандатот на претседателот на Советот трае две години, без право на повторен избор. Повторниот избор на г. Аневски претставува сериозна повреда на начелото на законитост – посочуваат од Хелсиншкиот комитет.

Според нив, ваквата одлука ја доведува во прашање компетентноста, независноста и непристрасноста на членовите на Советот, како и неговата основна функција да ја обезбедува и гарантира самостојноста на јавните обвинители во извршување на нивната функција.

– Особено одговорен за ваквото незаконско постапување е самиот г. Аневски, кој ја свикал и раководел со седницата за време на која, и покрај тоа што не смеел, се кандидирал за претседател. Хелсиншкиот комитет ги повикува членовите на Советот на јавните обвинители на Република Македонија, во согласност со Член 10 став 3 од Законот за Советот на јавните обвинители, да закажат итна седница на која ќе ја преиспитаат својата незаконска одлука – се вели во соопштението од Хелсиншки.

Петар Аневски вчера беше реизбран за претседател на Советот на јавните обвинители на Република Македонија, на тајно гласање.

Извор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико