Хелсиншкиот комитет бара од медиумите да ги отстрануваат говорите на омраза | Правдико

Правдико

   

Хелсиншкиот комитет бара од медиумите да ги отстрануваат говорите на омраза

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Хелсиншкиот комитет ги повика сите медиуми и интернет-портали да ги следат и отстрануваат коментарите на своите објави на социјалните мрежи кои содржат говор на омраза. „Медиумите и интернет-порталите имаат законска обврска и сносат кривична одговорност доколку го толерираат ширењето на говорот на омраза кон објавените вести“, порачуваат од Хелсиншкиот комитет.

Во текот на јуни Хелсиншкиот комитет забележал сериозно зголемување на говорот на омраза врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет, што резултирало и со шест пријави. Ваквата појава се поврзува со два настана -веста за првата операција за промена на полот во Македонија, како и одржувањето на Викендот на гордоста.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико