Правдико

   

Хелсиншкиот комитет бара од МТСП да го испита случајот на сексуално малтретирање на девојчето од „25 мај“

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

По добиените сознанија за случајот на сексуалното малтретирање малолетна штитеничка од Јавната установа за згрижување деца со воспитно-социјални проблеми „25 Мај“, со вклученост на вработени во установата, Хелсиншкиот комитет за човекови права се обрати до Министерството за труд и социјална политика со барање за информации во врска со случајот. Од извештајот на Европскиот центар за правата на Ромите произлегува дека штитеничката заедно со други деца од домот биле однесени на детски летен камп, каде што непознат маж сексуално ја малтретирал штитеничката. Кога била вратена во домот, штитеничката го пријавила малтретирањето кај згрижувачите во домот, но пријавите не биле земени како релевантни и штитеничката била обвинета дека лаже. Подоцна штитеничката била пренесена во Заводот за згрижување „Ранка Милановиќ“, каде што открила дека останала бремена како резултат на малтретирањето.

Во конкретниот случај, велат од Хелсиншкиот комитет, имало пријави за малтретирање од страна на штитеничка во установа за социјална заштита по што не било постапено од страна на установата.

„За таа цел, Хелсиншкиот комитет писмено ќе се обрати до Министерството за труд и социјална политика и доколку досега тоа не го сторило, итно да спроведе постапка преку која ќе изврши надзор над установата ’25 Мај’ за конкретниот случај и ќе утврди кои се причините поради кои, и покрај сознанијата за сексуално малтретирање штитеничка, вработените во установата не презеле ништо. Воедно, ќе бараме Министерството да испита зошто пријавите на штитеничката не биле земени предвид од вработените во установата и дали воопшто било испитано дали наводите се вистинити и врз кои околности било заклучено дека се работи за лажни наводи? Понатаму ќе бараме Министерството да испита зошто за случајот не било известено Министерството за внатрешни работи како би можело да се испита вистинитоста на наводите на штитеничката и како евентуално би се повела постапка за прогон на сторителите, посредниците и оние што знаеле, а не презеле ништо и делото го прикриле“, се вели во соопштението.

Од таму напоменуваат дека во случајот се работи за кривично дело трговија со дете. Исто така, велат од Хелсиншкиот комитет, алармантна е веста дека, освен предметниот случај, постојат сознанија за уште два слични случаја на малолетни девојчиња, кои исто така се штитенички на установата „25 Мај“.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико