Хелсиншкиот комитет бара санкции за хомофобичните изјави | Правдико

Правдико

   

Хелсиншкиот комитет бара санкции за хомофобичните изјави

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Хелсиншкиот комитет ги осуди хомофобичните изјави на некои од актуелните пратеници кои, како што оцени, преку дискриминаторски и говор на омраза ја деградираат ЛГБТ заедницата, спротивно на реформската насока на политичко делување за која се залага новата влада.

„Сметаме дека реториката за традиционално и конзервативно општество која беше присутна во изминатите години имаше за цел да ги маргинализира и дополнително стигматизира ЛГБТ луѓето во Македонија. Очекуваме ваквиот говор да се санкционира и политичките партии да се оградат од јавните настапи на своите членови, кои се во судир со уставниот принцип на еднаквост на сите граѓани“, стои во реакцијата.

Притоа, се потсетува владата на ветувањето дека ќе гради општество за сите, во кое ќе се санкционира дискриминацијата и говорот на омраза.

„Поттикнати од пратеничките расправи за правата и слободите на ЛГБТ луѓето, потсетуваме на насилството на кое беше изложена ЛГБТ заедницата изминатата деценија, но и на културата на неказнивост која произведе селективни стандарди за правда и еднаквост во македонското општество“, порачуваат од Хелсиншкиот комитет.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико