„Хјуман рајтс воч“: Грција да го повлече нацрт-законот за мигранти
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Грција би требало да го повлече нацрт-законот со кој се ограничува пристапот за заштита на барателите на азил од Сирија, Ирак и од Авганистан, соопшти организацијата „Хјуман рајтс воч“.
„Законот е обид да се блокира пристапот за заштита и да го зголеми бројот на депортации поради зголемениот број на нови мигранти“, рекла Ева Косе, истражувач за Грција во хуманитарната организација.
ХРВ наведува дека нацрт-законот, за кој ќе се расправа во парламентот оваа недела, го олесни задржувањето на мигрантите на подолг период и ги лиши ранливите луѓе, вклучително децата без придружба, од неопходната заштита.
Извор: Макфакс