„Хјуман рајтс воч“ со осуда за полициската бруталност на протестите на 5 мај | Правдико

Правдико

   

„Хјуман рајтс воч“ со осуда за полициската бруталност на протестите на 5 мај

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Реномираната организација за човекови права, „Хјуман рајтс воч“ (ХРВ), денеска ги објави резултатите од истрагата за полициската бруталност на протестите на 5 мај во Македонија.

protesti-vanco-dz1

ХРВ интервјуирале седум лица уапсени на протестите, од кои еден новинар, кој бил приведен додека ја извршувал својата работна задача.

Од организацијата сметаат дека македонската полиција употребила прекумерна сила за време на протестите.

„Да се тепаат луѓе е неприфатлив начин за контрола на толпата, а тепањето новинар кој ги покрива протестите не само што е илегално туку претставува и неодбранлив напад врз слободата на печатот“, изјави Лидија Гал, истражувачка за Источна Европа во ХРВ.

Организацијата ги повикува македонските власти да поведат постапка по обвиненијата за употреба на прекумерна сила, а припадниците на безбедносните сили што го сториле тоа да одговараат.

Од „Хјуман рајтс воч“, исто така, сметаат дека казните што им се изречени на приведените се преголеми со оглед на делото и на просечната плата во Македонија.

Приведените добија казни од 600 до 1.200 евра за учество во толпа. Според ХРВ, казнетите ќе се жалат на суд.

Извор: Мета.мк

Партнери на Правдико