Ходорковски ќе бара азил во Велика Британија
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Рускиот тајкун Михаил Ходорковски, критичарот на претседателот Владимир Путин, изјави дека е можно да побара политички азил во Велика Британија, откако Москва издаде меѓународна потерница за негово апсење поради можна вмешаност во убиство.
Ходорковски, поранешниот шеф на затворената нафтена компанија “Јукос” и некогаш најбогатиот човек во Русија, изјави дека Путин го смета за “сериозна закана” во економската и политичка смисла.
Тој додаде дека се чувствува безбедно во Лондон и дека е заинтересиран да бара азил. Русија во средата издаде меѓународен налог за апсење на рускиот тајкун и во отсуство му определи притвор.
Ходорковски на 11 декември беше обвинет за организирање на убиството на градоначалникот во Сибир во 1998 година. Покрај организацијата на убиството на градоначалникот, Ходорковски е обвинет за убиството на неговиот придружник, објави новинската агенција Интерфакс. Тој веќе помина 10 години затвор за даночно затајување и измама, а од Путин беше помилуван во декември 2013 година.