Холандија формира тим за брза интервенција
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Холандските власти денеска соопштија дека ќе формираат тим од 300 граничари за брза интервенција, кои може да бидат распоредени каде што ќе има потреба, пред сè, во рамките на ЕУ.
Во писменото соопштение до парламентот, холандската влада навела дека тимот ќе биде формиран во најкраток можен рок за да се засили контролата на границите на ЕУ, а за да се реши мигрантската криза.
Тимот ќе биде независен од силите кои официјален Амстердам ѝ ги додели на агенцијата Фронтекс, која ја надгледува соработката на државните граничари на надворешните граници на ЕУ.
Извор: Мета