Холандија може да дозволи потпомогнато самоубиство
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Холандска влада има намера да изработи закон кој ќе го легализира потпомогнатото самоубиство за луѓето „коишто чувствуваат дека завршиле со животот“, но не се нужно смртно болни.
Холандија беше првата земја којашто ја легализираше евтаназијата во 2002 година, но само за пациентите кои се соочени со неподносливо патење поради тешки болести и без надеж за заздравување.
Во писмото до парламентот, што во средата го упатиле министрите за здравство и за правосудство, наведено е дека поединостите од законот допрва треба да бидат разработени, но оти сметаат дека на лицата, коишто се сигурни дека нивниот живот завршил, мора да им биде дозволено, според јасни и строги критериуми, да го завршат тој живот на за нив достоинствен начин.
Предлогот, се претпоставува, ќе ги предизвика критичарите коишто тврдат дека и практиката на евтаназијата во Холандија се проширила надвор од границите кои првично биле предвидени, па терминот „неподносливо патење“, освен на тешко заболените лица во терминална фаза од болеста, се применува и на некои лица со ментални болести и деменција.
Евтаназијата, инаку, е раширена појава во холандското општество, бројот на случаите бележи постојан пораст во последните десет години, бидејќи сé повеќе пациенти бараат евтаназија, а сé повеќе лекари се подготвени да ја спроведат. Така, во текот на минатата 2015 година смртните случаи предизвикани со евтаназија, односно 3,9 отсто од вкупниот број починати во Холандија лани.
Министерката за здравство Едит Шиперс напишала во писмото до парламентот дека потпомогнатото самоубиство ќе биде ограничено на повозрасните лица, поради нивните желби самите да изберат кога ќе го завршат својот живот, но не ја навеле граничната возраст од којашто тоа би било возможно.
Холандската влада оцени дека и барањето за помош при умирањето од луѓе кои немаат основни медицински причини, исто така, може да биде легитимно барање и оти се надева на изработка на нацрт закон, во договор со лекарите, етичарите и другите стручни лица, до крајот на 2017 година.
Извор: Макфакс