Холандски турист почина во „Св. Наум“ во Охрид
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Холандски турист почина од срцев удар во комплексот „Св. Наум“ во Охрид.
Според информациите на МВР, вчера во 15 часот, во полиција од екипа на Итна медицинска помош било пријавено дека во комплексот „Св.Наум“ во Охрид починал Р.Ј.А. (66) од Република Холандија.
„Констатирана е смрт без траги на насилство. Најверојатно смртта настапила како последица од срцев удар“, соопшти МВР.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид. По наредба на Јавен обвинител над телото на починатиот нема да се врши обдукција.
Извор: Макфакс